Лазаров и Нант го освоија „Шпаркасе Купот“.
![]()
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и неговиот Нант го освоија „Шпаркасе купот", откако во финалето ја совладаа екипата на Веспрем со 34:32. Лазаров како и против Фуксе Берлин, покажа дека ќе биде лидер на својата нова екипа, токму во дуелот против неговиот поранешен клуб, а сега клуб на неговиот репрезентативен другар Дејан Манасков.
Нант и Веспрем во финалето на „Шпаркасе Купот“, Лазаров одличен против Фуксе Берлин
![]()
Ракометарите на Нант, каде што од оваа сезона настапува Кирил Лазаров обезбедија финале на „Шпаркасе Купот" и утре за титулата ќе се борат со екипата на Веспрем, екипата во чии редови оваа сезона настапува Дејан Манасков. Францускиот вицешампион стигна до две победи против Штутгарт и Фуксе Берлин, потврдувајќи дека екипата е во одлична форма неколку недели по почетокот на подготовки.
Лазаров ги почна подготовките со Нант
![]()
Македонскиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров официјално денес се појави на првата прозивка на екипата на Нант, неговиот нов клуб. По Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона во Шпанија, македонскиот „бомбардер" се реши за нов предизвик, прифаќајќи преселба во силната француска лига.
Лазаров пред подготовките во Нант: Едвај чекам да заиграм за мојот нов клуб
![]()
Воочи почетокот на подготовките за новата сезона в понеделник, францускиот ракометен клуб Нант за првпат објави фотографија од нашиот Кире Лазаров во клупските обележја. Уште во април минатата година Лазаров потпиша двегодишен договор со Нант и веста за неговото пристигнување во лигата на светските прваци, одекна како „бомба" во ракометните кулоари.
Лазаров и Нант во Лигата на шампионите дебитираат со ПИК Сегед
![]()
Ракометарите на Нант, каде во новата сезона ќе настапува македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров новата сезона во групната фаза на Лигата на шампионите ќе ја започнат на домашен терен против ПИК Сегед од Унгарија во терминот од 13 до 17 септември. Првото гостување во рамките на групата А, ракомететарите на Нант ќе во имаат во Скопје против европскиот првак Вардар.
Бум во продажбата на сезонски билети на Нант по доаѓањето на Лазаров
![]()
Новиот клуб на Кирил Лазаров, француски Нант, со големи амбиции ги започна подготовките за новата сезона, а тоа на еден начин го почувстуваа и фановите на клубот, кои веќе ги купија сезонските билети за натпреварите кои следат во идната сезона.
Тјери Анти е тренер на сезоната во францускиот шампионат
![]()
Предводникот на францускиот победник на Купот, Нант, Тјери Анти е прогласен за најдобар тренер за сезоната 2016/17 во францускиот шампионат. Предводникот на новата екипа на македонскиот репрезентативен капитен, Кире Лазаров, Анти освои дури 52% од гласовите, кои му дадоа доверба по одличната сезона, осминафиналето на Лигата на шампионите и првиот освоен Куп на Франција во историјата на Нант.
Петтиот роденден на официјалната веб страница на Кирил Лазаров зачинет со француска верзија
![]()
Пред пет години на интернет просторот се појави првата официјална веб страница на еден наш професионален спортист. Веб страницата на Кирил Лазаров еволуираше, победуваше, се радуваше и тагуваше напоредно со нашиот најдобар спортист.
Лазаров со Нант ќе дебитира на гости кај Маси
![]()
Оваа година со посебно внимание ќе го следиме ова француското ракометно првенство заради Кирил Лазаров, кој потпиша за Нант.
Капитенот отвора нов проект со ракометни школи низ Македонија
![]()
Кирил Лазаров и агенцијата КМГ Спорт го обелоденија почетокот со работа на седум ракометни школи низ целата земја. Овие школи ќе започнат со работа од септември, а ќе бидат отворени во Валандово, Струга, Охрид, Свети Николе, Скопје, Богданци и Стојаково.




