Шабановиќ нов голман на Атлетико
![]()
Само неколку недели по тешката повреда на Хозе Хавиер Омбрадос, управата на Атлетико Мадрид ја пронајде неговата замена до крајот на тековната сезона. Од денес нов член на европскиот вицепрвак е репрезентативецот на БиХ Аднан Шабановиќ, кој е висок 193 сантиметри и тежок 103 килограми.
Осма победа на осум меча за Атлетико
![]()
Вила де Аранда - Атлетико Мадрид 25:30 (13:14)
На последниот натпревар пред репрезенативната пауза, Атлетико Мадрид во Аранда отпатува и без Мариус Јуркиевич, кој заради грип остана во главниот град. Домаќините први поведоа, но Ромеро во 3 минута донесе 1:2 за Атлетико Мадрид.
Познати првите добитници на наградната игра
![]()
Официјалната веб страна на Кирил Лазаров ги одбра наградените од првите два циклуса од наградната игра.
Официјално фотографирање на светскиот првак
![]()
Ракометниот клуб Атлетико Мадрид пред неколку недели го изврши традиционалното фотографирање на сите свои професионалци како и на групната фотографија на тимот актуелен светски клубски првак. Во ростерот за новата сезона која е во тек и во која Атлетико Мадрид веќе одиграл 16 официјални натпревари во 4 натпреварувања се наоѓаат 11 шпански ракометари и 8 странци. Нашиот капитен Кирил Лазаров ја игра третата сезона во овој клуб, втора под името Атлетико Мадрид.
Барса и Атлетико лидери и во фудбал и во ракомет
![]()
Некои работи во шпанскиот фудбал не се случуваат така често. Така хегемонијата на Реал Мадрид и Барселона во фудбал трае и ќе трае и во иднина. Но она што паѓа в очи во првите два месеци од фудбалската и ракометната сезона е доминацијата на Барселона и Атлетико Мадрид. И двете екипи во двата спорта (фудбал и ракомет) имаат ист број на бодови.
Шундовски со проверени сили
![]()
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација го објави списокот на репрезентативци за стартот на квалификациите за ЕП во Данска 2014 година. За мечевите со Швајцарија на 31 октомври и со Португалија на 4 ноември нема да има измени во споредба со тимот кој настапуваше на Олимписките квалификации во Гетеборг во април и во двомечот со Австрија во јуни.
Лазаров го посети Омбрадос
![]()
На натпреварот со Веспрем во Лигата на шампионите, најтешкиот удар за играчите, стручниот штаб и навивачите на Атлетико Мадрид не беше тесниот пораз со пресврт во финишот, туку тешката повреда на капитенот и миленикот на „фановите„ Хосе Хавиер Омбрадос.
Егзибиција на Атлетико Мадрид
![]()
Атлетико Мадрид - Кангас 34:13 (17:6)
Ако има најдобра медицина против неочекуван пораз, тоа сигурно е убедлива победа. Ако во Европа не му оди најдобро на Атлетико Мадрид, во ASOBAL лигата победничката серија продолжува. Против слабиот тим на Кангас и без неколку стандардни првотимци, екипата на Лазаров стигна до најубедливата победа во сезоната и една од највисоките во целото првенство.
Лазаров одличен, Атлетико пак поразен
![]()
Савехоф - Атлетико Мадрид 35:30 (17:16)
По поразот од Веспрем сред Мадрид и пред се по тешката повреда на каризматичниот капитен Хозе Хавиер Омбрадос, на Атлетико Мадрид му требаше реакција на тешкото гостување во Скандинавија. По брзо примениот прв гол, шпанците возвратија и за само 50 секунди преку Масач од седмерец и Јуркиевич од контранапад поведоа со 1:2. На истекот на шестата минута првиот гол од неговата стандардна позиција го постигна и нашиот Лазаров за 2:3.Погоди и од казнен удар во 8 минута за 3:3 и додаде до Дејвис минута подоцна за 3:4 за екипата на Атлетико Мадрид.
Омбрадос опериран, Атлетико во потрага по голман
![]()
Голманот на Атлетико Мадрид и на шпанската репрезентација Хозе Хавиер Омбрадос на натпреварот со Веспрем во неделата од Лигата на шампионите ги повреди лигаментите на коленото и најверојатно за него оваа сезона е завршена. Омбрадос има 40 години и по операцијата го очекува долг период на рехабилитација и прашање е дали ќе биде подготвен да ја продолжи и кариерата.




