ФАНТАСТИЧНО: Лазаров во клубот 1000!
![]()
Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров во поразот против Португалија во Еспињо вгради 9 гола. Седмиот постигнат од седмерец значеше влегување во клубот 1000, во кој членуваат малку голгетери во светот на ракометот.
Лазаров: „Најслабо во последните години„
![]()
Како и многу често во минатото по поразите на нашиот национален тим, капитенот Кирил Лазаров веднаш се огласи со свој став, да ја заштити групата на ракометари и да го пренесе ставот од „прва рака„. Разoчарување чувствуваат сите во нашиот табор и симпатизерите, но од овој меч и тоа како треба да се извадат правилните заклучоци.
Лош почеток, уште полош крај за Македонија во Еспињо
![]()
Португалија - Македонија 32:25 (18:13)
Четири дена по победата над Швајцарија, Македонија на Звонко Шундовски со три измени во тимот, мораше на гости во Еспињо да брка победа за мирен зимски сон. Борко Ристовски се врати во комбинација на голот, Златко Мојсоски го замени Георгиевски, а неговиот брат Наумче остана во Скопје да ја лекува повредата на мускулот.
Подарок од Лазаров и Ангеловски за Борко
![]()
Македонската ракометна репрезентација денес патува од Скопје со неколку лета до Португалија, каде в недела во малото место Еспињо ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Данска 2014 година. Во нашиот национален тим се враќа Борко Ристовски по суспензијата, но Наумче Мојсоски остана во Скопје да ја лекува повредата.
Без Мојсовски и на гостувањето во Португалија
![]()
Наумче Мојсовски дефинитивно нема да патува со репрезентацијата на Македонија за Португалија и ќе го пропушти мечот в недела, втор во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2014. Последните информации од репрезентативниот табор велат дека неговата повреда на листот на ногата не е целосно санирана и дека ќе треба да мине уште време пред тој да се врати на теренот.
Португалија немоќна во Севиља, пред мечот со Македонија
![]()
Шпанија - Португалија 34:20 (16:9)
Во за нас домашната на наредниот мундијал Севиља, соседното дерби на Шпанија и Португалија во нашата квалификциона група го добија фаворитите шпанците. Убедливите 34:20 на крајот јасно покажуваат кој беше кој во овој меч игран половина час по пладне.
ВИДЕО: Лазаров: „Лесно победивме, но подобро да не се опуштевме на крајот„
![]()
Среќни лица во нашиот табор на официјалната прес-конференција по победата над Швајцарија. Капитенот веднаш пронајде зборови за кратка анализа, во која ги потенцира и добрите и лошите страните на овие 60 минути.
Магична вечер на македонските ракометни асови
![]()
Македонија - Швајцарија 30:24 (17:9)
Македонската јавност во добар дел ја исполни салата во СЦ „Борис Трајковски„за стартот на квалификациите за наредниот континентален собир во Данска. Во клима на многу тензија и недоразбирања и без казнетиот Борко Ристовски и повредените Наумче Мојсоски и Никола Марковски, нашата селекција беше исправена пред фаворитската улога во овој прв натпревар.
ВИДЕО: Лазаров: „Капитен сум на незадоволни ракометари„
![]()
Ако сите очекуваа прес-конференција пред мечот со Швајцарија во која ќе се говори само за натпреварот, противникот и важноста, наидовме на сосема поинаква ситуација. Проблемите кои со години се наталожуваат во нашиот национален тим ги обелодени капитенот Кирил Лазаров.
Македонија без Ристовски и Мојсовски на мегдан на Швајцарија
![]()
Ракометната репрезентација на Македонија ги почна подготовките за настап во првите квалификациите за пласман на Европското првенство во Данска 2014 година, во кои ќе почне сериозно ослабена откако стана јасно дека селекторот Звонко Шундовски на мечот со Швајцарија во Скопје освен на казнетиот Борко Ристовски нема да може да смета ниту на повредениот Наумче Мојсовски.




