И оваа есен импозантна статистика за Лазаров
![]()
По завршувањето на есенскиот дел од ASOBAL лигата, деталната статистика открива дека и оваа година Кирил Лазаров зад себе остави импресивен прв дел од шпанската сезона. Слично како и во сезоната 2011/12 пак има одличен просек, пак е прв клубски стрелец и шести во лигата по првите 15 средби. Исто така е единствен важен ракометар на Талант Душебаев, кој ги одигра сите 15 првенствени средби. Во многу категории Лазаров е меѓу првите 5-6 ракометари во ова национално првенство.
Осми ASOBAL Куп за Барселона
![]()
Атлетико Мадрид - Барселона 24:32 (13:13)
Со помали или поголеми проблеми старите ривали пак се соочија во меч за титула, исто како и во финалето на Кралскиот Куп и ASOBAL Суперкупот оваа година. Душебаев знаеше дека неговите ракометари ќе бидат силно мотивирани за реванш на поразите во Мадрид во септември во Суперкупот и пред две недели во првенствениот меч.
Ново финале за Лазаров и Атлетико Мадрид
![]()
Натурхаус Ла Роха - Атлетико Мадрид 30:34 (15:15)
„Шлагот на тортата„ за напорната 2012 година за Атлетико Мадрид и за нашиот Кирил Лазаров е завршниот турнир на ASOBAL купот, кој оваа година се одржува во „Ас Травесас„ арената во Виго. Денешното полуфинале со Натурхаус од Логроњес, Талант Душебаев го најави како многу тешко соочување, во кое противникот нема што да загуби.Тренерот на мадридската екипа се одлучи да го остави хрватот Јаков Гојун во напад, а Лазаров и Бареше се менуваа во напад - одбрана со македонецот во напад и французинот во одбрана.
Започна операција „Шпанија 2013„
![]()
Селекторот на македонската ракометна репрезентација говореше за медиумите по пристигнувањето од Романија и на стартот на подготовките за Светското првенство во Шпанија. Пред првиот и единствен тренинг во Скопје пред заминувањето во Пореч (Хрватска), битолчанецот го објасни списокот од 20 имиња, кој го соопшти во саботата.
Нова поволна ждрепка за Атлетико Мадрид
![]()
Денес во просторриите на ASOBAL во Мадрид беа извлечени паровите за четвртфиналето на Купот на шпанскиот крал. Последниот чекор до Фајнал-фоур во мај наредната година, Атлетико Мадрид мора да го направи во двомеч со каталонскиот Грањолерс.
Натурхаус Ла Роха полуфинален ривал на Атлетико Мадрид
![]()
Денешната ждрепка за полуфиналето на ASOBAL Купот кој ќе се игра наредниот петок и сабота во „Ас Травесас„ во Виго со оптимизам беше дочекана во Мадрид. Во обид да стигне до финалето Лазаров и другарите в петок од 19:00 часот ќе се сретнат со незгодната екипа на Натурхаус Ла Роха од Логроњес. Во второто полуфинале два часа подоцна Барселона ќе се сретне со Адемар Леон.
Победа за оптимизам пред ASOBAL купот
![]()
Атлетико Мадрид - Ваљадолид 32:28 (17:14)
Последната првенствена средба во 2012 за Атлетико Мадрид беше еден вид тест пред ASOBAL Купот во Виго наредниот викенд. Против некогаш моќниот Ваљадолид, кој сега се бори за опстанок во елитата, бодовите беа однапред впишани. Нашиот Лазаров одлично го започна мечот и беше автор на првите два гола за Атлетико Мадрид.
Шундовски го скрати списокот на 20 имиња
![]()
Селекторот на македонската машка ракометна репрзентација Звонко Шундовски по пријавувањето на поширокиот список во IFH, денес го скрати списокот на 20 имиња кои ќе ги започнат подготовките за наредното Светско првенство кое од 11 до 27 јануари ќе се одржи во Шпанија. Од последните големи натпреварувања не се повикани Петар Ангелов и Стевче Алушовски.
Лазаров за INDEX: „По Нова година следува вистинскиот Балиќ и Атлетико„
![]()
За хрватската јавност Кирил Лазаров секогаш е интересен соговорник, посебно сега по најновиот случај Балиќ и неповикувањето на легендарниот плејмејкер за престојното Светско првенство во Шпанија. Лазаров за INDEX имаше специфично интервју, од кое го издвојуваме оној дел кој говори за сезоната на неговиот Атлетико Мадрид:
ВИДЕО: Шпанците „лудуваат„ по Лазаров
![]()
Колку нашиот ракометен ас Кирил Лазаров оставил силна трага во шпанскиот ракомет и кај нивните „фанови„ покажува најновиот видео клип на кој се извојуваат најбитните моменти од кариерата на Лазаров во дресот на нашата репрезентација и во дресот на Атлетико Мадрид.




