„Lequipe„ го круниса Лазаров во идеалниот тим
![]()
Престижниот француски спортски весник „Lequipe„ го сврсти нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров во идеалниот тим за 2012 година. Со своите извонредни игри, освоените титули, постигнатите голови и каризмата, Лазаров заслужи место меѓу великаните.
Лазаров за магазинот „Граѓански“ - „Не поставувајте ни нереални цели„
![]()
Во својот новогодишен двоброј магазинот „Граѓански„ се одлучи за актуелен разговор со еден од оние кои ја одбележаа годината која полека изминува. Новинарот Васко Попетревски разговараше со македонскиот ракометар Кирил Лазаров, а ова е интегрално издание на интервјуто кое може да го прочитате доколку го купите овој магазин на киосците.
Нова номинација за Кирил Лазаров
![]()
Агенцијата за млади и спорт ги објави номинираните спортисти во изборот за најдобрите во 2012 година. Кирил Лазаров е номиниран за најдобар македонски спортист во странство.
Номинирани за Спортист на годината 2012 година
Лазаров во 2012: 366 дена - 429 гола
![]()
Oд 16 јуни и мечот во Виена против Австрија во баражот за СП во Шпанија, до стартот на IHF Супер глоб кој почна на 27 август беше единствениот период без натпревари во 2012 година за Кирил Лазаров.
Оптимистички +7 против Саудиска Арабија
![]()
Македонија - Саудиска Арабија 28:21 (15:9)
По една недела заеднички тренинзи, макеоднската ракометна репрезентација скоро комплетна, единствено без Борко Ристовски, го одигра првиот контролен натпревар во подготовките за мундијалот во Шпанија. Саудиска Срабија беше противник по мерка на половина од зацртаната програма на Шундовски.
Лазаров за Нова Македонија: „Играчките амплитуди мораме да ги намалиме„
![]()
Пред уште еден старт на подготовки за еден голем настан, Кирил Лазаров говореше за еден од најтрадиционалните дневни весници во Македонија – „Нова Македонија„ Престојното Светско првенство и нашите опции на него, беа главната тема на разговорот со новинарот Гоце Илковски. Го пренесуваме најважниот дел од интервјуто со Лазаров:
ФОТО: Кире и Каролина = добитната комбинација на „Пелистерка„
![]()
Синоќа во „Колосеум„ во Скопје се одржа презентацијата на новиот календар на „Пелистерка„ по повод 60 годишнината од постоењето на овој наш бренд. Како звезда на вечерта блескаше Каролина Гочева, која е заштитно лице на „Пелистерка„ Веќе со година и Кирил Лазаров е насекаде со успесите на „Пелистерка„ бидејќи најдобрите одат со најдоброто.
Мундијалот на дланка со „Пелистерка„
![]()
Официјалната веб страна на Кирил Лазаров во соработката со спонзорот „Пелистерка„ чие заштитно лице е токму нашиот најдобар ракометар подготвуваат специјален проект посветен на СП во Шпанија во јануари 2013 година.
Капитенот се приклучува кон репрезентацијата
![]()
По 73 одиграни натпревари во годината која изминува не се чувствува замор кај нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров. Само ден по финалето на ASOBAL Купот, Лазаров се врати во Македонија и само на кратко имаше ден-два да ги посети најблиските и веднаш им се враќа на обврските.
Двонеделен одмор за ракометарите на Атлетико Мадрид кои не играат на мундијалот
![]()
По завршувањето на ASOBAL Купот, раководството на Атлетико Мадрид ги прати ракометарите на одмор, кој ќе трае се до 10 јануари за оние ракометари кои нема да настапат на Светското првенство во Шпанија. Така за 15 дена на призивката на Душебаев треба да се јават: Калман, Балиќ, Гарсија Парондо, Ромеро, Шабановиќ, Дејвис, Антонио Ферер, Еду Фернандез, Масач и Мигел. Норвежанецот Дал ќе се приклучи веднаш потоа, откако ќе одигра неколку пријателски мечеви со репрезентацијата на Норвешка. Оние кои веќе се приклучија кон своите репрезентативни стожери, Кирил Лазаров, Канељас, Агинагалде, Јуркиевич, Маркусен, Бараше и Гојун ќе пристигнат во Мадрид по завршувањето на репрезентативните обврски. Пролетниот дел од ASOBAL лигата започнува на 2 фебруари со гостувањето кај Натурхаус Ла Риоха, а една недела подоцна продолжува Лигата на шампионите со мечот на Атлетико Мадрид во „Висталегре„ со Цеље Пивоварна Лашко.




