Лазаров пристигна во Барселона
![]()
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров доцна синоќа со семејството пристигна во Барселона - неговиот нов дом. Најмалку две години, по потпишаниот договор со првакот на Шпанија, семејството Лазарови ќе живее во областа Кастељдефелс крај морето, на неколку километри од центарот на Барселона.
77 - ката на Барса во X7 модел на Hummel
![]()
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров и во новата сезона ќе игра во патиките на познатиот производител на спортска опрема Hummel. Тој го продолжи договорот со скандинавската компанија и веќе од новата сезона во дресот на Барселона ќе го облече новиот X7 модел на Hummel.
Кога Кирил Лазаров настапуваше како Кире Чкров
![]()
Младинскиот шампионат на Европа во Израел 1994 година беше првото натпреварување за Кирил Лазаров, бранејќи ги боите на националната репрезентација. Малкумина знаат дека малку недостигаше на тоа првенство Лазаров да не настапи, заради едно мало недоразбирање. Во генерацијата со Мисовски, Макаловски, Ангеловски нашиот капитен во сите документи стоел како Лазаров, но во легитимацијата на РФМ неговото презиме било Чкров. Тоа презиме го носеле неговиот дедо и неговиот татко, но Кире во сите документи е Лазаров.
Барса во група со ривали од Тунис, Катар и Бразил
![]()
Денес во Сараево беа извлечени групите од овогодинешното издание на IHF Суперглоб кое од 25 до 30 август ќе се одржи во Доха, во Катар. Барселона доби противници од калибарот на Ал Рајан (Катар), Табауте (Бразил) и Етоал Спортив де Сахел (Тунис).
Барса ги очекува ривалите во групата во Доха
![]()
В сабота од 18:15 часот во Сараево, каде се одржува младинскиот шампионат на светот, ќе бидат извлечени двојките за овогодинешниот IHF Суперглоб кој ќе се одржи во Доха од 25 до 30 август. Како и што се очекуваше Барселона на Кирил Лазаров е носител во ждрепката и не може да се соочи со Хамбург кој е носител во другата група.
8 домашни и 7 гостински мечеви за Барса оваа есен
![]()
Во есенскиот дел од шампионатот на Шпанија, Барселона на Кирил Лазаров ќе одигра 8 домашни и 7 гостински натпревари. Таканаречените дерби мечеви со екипите кои завршија на 3 и 4 место минатата сезона Натурхаус Ла Роха и Адемар Леон ќе ги игра во „Палау Блауграна„ а првото каталонско дерби со Грањолерс е на гости.
Барса и Лазаров дебитираат дома со Сиудад Енкантада
![]()
Денес во просториите на ASOBAL беше извршена ждрепката за новата 24 сезона на шпанското ракометно првенство откако лигата ја раководи оваа асоцијација на клубови. Кирил Лазаров ја стартува својата четврта сезона во Шпанија, прва во неговиот нов клуб Барселона со надеж дека ќе ја освои националната титула и ќе биде првиот македонски ракометар во историјата со титули од четири национални првенства во Европа (веќе беше првак во Македонија, Унгарија и Хрватска).
Лазаров ултрапопуларен на социјалните мрежи
![]()
Со доведувањето на Никола Карабатиќ и Кирил Лазаров, шпанскиот првак Барселона не доби само на квалитет, искуство и каризматичност, туку и медијатички доби спортисти кои се вртоглаво популарни. Имено Карабатиќ и Лазаров имаат безброј фанови, истомисленици, симпатизери и не само во нивните земји, туку насекаде во Европа.
Лазаров ќе дебитира на 15 август
![]()
Од оваа сезона најдобриот македонски ракометар ќе настапува во уште едно натпреварување - каталонскиот Суперкуп. Така на 15 август во полуфиналето на Суперкупот на Каталонија, Барселона ќе се сретне со Бордилс од Сориа. Во еден натпревар ќе биде познат победникот кој на почетокот од септември ќе се бори за титулата.
Позната агендата на подготовки на Барселона
![]()
По поканата за учество на IHF Суперглоб во Доха, управата на Барселона ја дефинира програмата на подготовки за сезоната 2013/14. Така од првичниот план ќе одпадне само хрватската турнеа, а на нејзино место ќе влета турнирот за светска титула во Катар. Првиот собир избраниците на Пасквал ќе го имаат на 5 август и во првите пет дена шпанскиот првак ќе работи три пати дневно.




