hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Позната агендата на подготовки на Барселона

kire vest 150702013

По поканата за учество на IHF Суперглоб во Доха, управата на Барселона ја дефинира програмата на подготовки за сезоната 2013/14. Така од првичниот план ќе одпадне само хрватската турнеа, а на нејзино место ќе влета турнирот за светска титула во Катар. Првиот собир избраниците на Пасквал ќе го имаат на 5 август и во првите пет дена шпанскиот првак ќе работи три пати дневно.

Подоцна од 9 до 22 август секојдневните тренинзи, Лазаров и другарите ќе ги реализираат во Каталонија, за првиот испит да им биде на 23 август во Франција со Тулуз, каде настапуваат шпанците Монторо и Перез де Варгас. Наредниот ден експедицијата патува за Доха каде од 25 до 31 август ќе се борат светската круна да остане во Шпанија. По враќањето Лазаров и новите соиграчи во агендата ги имаат двата Суперкупа, на Каталонија и Шпанија, каде Барселона ги брани титулите освоени минатата сезона. На 25 јули ќе биде познат распоредот на сите натпревари во ASOBAL лигата.

Share