hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Миркуловски: „Подобро да играме со Словенија, одколку со Катар„

FYRO MACEDONIA VS CROATIA 150121Qatar 2015 M41 MKD vs CRO- B2 8481A xlarge

Иако математички сеуште не се знае нашиот пласман и нашиот противник во осминафиналето, меѓу Катар и Словенија се сведуваат коментарите, изборот, ривалот. Нашиот најдобар асистент на првенството, Филип Миркуловски нема дилеми дека подобро е да се игра со Словенија која ја победивме во мечот за петтото место во Белград во 2012 година. Сепак фокусот мора да остане на Австрија, која е нашата денешната преокупација:

„Ова е последен натпревар од групата, како што планиравме ќе играме со Австрија за второ место. Се работи за компактна екипа, со нив ќе играме по четврти пат, играчите се истите, се познаваме, нема да има тајни. Нам ни е потребен бод, сакаме да бидеме втори, да играме со Словенија, тоа е подобро отколку со домаќинот Катар, кој има сериозна и моќна екипа екипа. Ќе треба да дадеме максимум, да извлечеме поука од мечот со Хрватска, да не ни се повторат тие „црни дупки" од 10-15 минути„ рече на последната средба со новинарите, Филип Миркуловски.

Share