hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров за ТЕА Модерна: „Посветен на целта„

tea1

Во интервјуто за најновиот број на „ТЕА МОДЕРНА„ Кирил Лазаров говори за семејството, за јануари во кој редовно ги пропушта родендените на своите деца, но ја радува нацијата и за посветеноста во професионалниот спорт, заради која доаѓа до остварување на целта: „Јануари е месец со посебно значење за семејствотоЛазаров, најмладите членови Благојче (9) и Лана (7) ги прославуваат своите родендени, додека за нивниот татко Кирил (34), почетокот на новата година традиционално е резервиран за репрезентативните обврски.

tea2

За два дена го очекува првиот дуел на Светското ракометно првенство во Катар, кое се одржува од 15 јануари до 1 февруари. Глобален настан кој на професионален план за него носи нов предизвик, но истовремено е причината поради која на приватен ќе ги пропушти прославите на своите деца.

tea3

„Поради репрезентативните обврски имам пропуштено многу родендени, но тие сѐ уште се мали и не ми забележуваат за тоа. Сепак, се трудам да го надополнам пропуштеното. Годинава ќе имаат три роденденски забави, една со другарчињата во Македонија, па со школските во Барселона, а и се разбира ќе имаме и семејна забава, откако тато ќе се врати од Катар„ вели нашиот најдобар ракометар.

Комплетното интервју можете да го прочитате во најновиот број на ТЕА МОДЕРНА

Share