hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

По истиот рецепт, Барса лесно го прескокна и Адемар Леон

kire240920133

Барселона - Адемар Леон 37:23 (18:8)

Три дена по ремито со Вардар Про, ракометарите на Барселона имаа домашен тест во „Палау Блауграна„ против подмладениот Адемар Леон, кого го совладаа во 12 последни меѓусебни дуели. По половина минута, Карабатиќ украде контра, а словакот Мартин Страновски го отвори резултатот.

Повеќе...

Кастратовиќ и Пасквал едногласни: „Вардар беше одличен„

katstratovic

На средбата со новинарите по завршувањето на мечот, двајцата тренери беа едногласни дека Вардар заслужи да остане непоразен и Барса беше лимитирана, благодарение на одличниот македонскиот првак, кој оваа година и во Европа може да игра важна улога

Повеќе...

Лазаров: „Публиката беше воодушевувачка„

kire pres 21 09 2013

На официјалната прес-конференција македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров беше воодушевен од атмосферата на трибините во текот на сите 60 минути „И пред да дојдеме знаевме дека не чека тешка работа. Во еден момент го имавме добиено мечот, тоа не опушти, не знаевме да го приведеме мечот до крај како што треба.

Повеќе...

ФОТО: Момците од школата „Лазарови„ на трибините

rk lazarovi

Најмладите ракометни бисери од школата „Лазарови„ од Свети Николе со посебно внимание го следеа отворањето на Б групата во Лигата на шампионите и мечот на браќата Лазарови меѓу себе.

Повеќе...

Инфарктно реми на Вардар и Барса во Скопје

barsa vo skopje golema

Вардар - Барселона 29:29 (15:19)

Европското деби на Барселона на Кирил Лазаров започна со громогласен аплауз за 77 на Барса, од сите присутни во СЦ „Борис Трајковски„ во Скопје. Мечот почна фуриозно со голот од контра на Брумен и одговорот на Раул Ентрериос по брзиот центар на Барса (1:1). Во четвртата минута Кирил Лазаров од првиот обид го измами Милиќ за 2:2.

Повеќе...

ФОТО+ВИДЕО: Луда заинтересираност за Барса и Лазаров во Скопје

kire skopje

Пристигнувањето на големата Барселона во нашиот главен град со право крева голема прашина. Веројатно во нашиот главен град гостувале поскапи состави на хартија, но се чини дека поспектакуларен тим никогаш не бил наш гостин. Капитенот на националната репрезентација, Кирил Лазаров беше магнет и за седмата сила и за ракометните „фанови„ Неговите мотиви сигурно нема да недостигаат утре во СЦ „Борис Трајковски„

Повеќе...

Познати добитниците на влезниците за мечот во Скопје

handball-tickets-2

Официјалната страна на Кирил Лазаров - www.lazarovkiril7.com наградува пет ракометни љубители кои одговорија точно на поставеното прашање. Кирил Лазаров против македонска екипа во Лигата на шампионите настапуваше во сезоната 2007/08 во дресот на Загреб Кроација Осигурање против Вардар.

Повеќе...

Кире против Филип Лазаров, Барса против Вардар во Скопје

kire filip

Стартот на новото издание на Лигата на шампионите, преполно со симболика за македонскиот ракомет и за Кирил Лазаров. За прв пат во кариерата нема да биде домаќин во СЦ „Борис Трајковски„ во Скопје и за прв пат во Лигата на шампионите ќе игра против неговиот брат Филип.

Повеќе...

Нова егзибиција на Барса, како опомена за Вардар

kire vest 1909201333333

Вила де Аранда - Барселона 20:44 (9:21)

Ако по првите два натпревари може да се предвиди како ќе изгледаат натпреварите на Барселона во ASOBAL лигата, тогаш дефинитивно нема да им биде лесно на противниците. Две победи, просечни 40 гола по натпревар и егзибиција во секоја од 60 минути.

Повеќе...

Ракометната школа „Лазарови„ со се поголема заинтересираност

skola lazarovi

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров од секогаш опоменувал да се обрати внимение на младите категории и да се мисли што кога ќе замине од големата сцена оваа генерација. Во неговото родно Свети Николе веќе од поодамна работи ракометната школа „Лазарови„ и од година во година се пристапува многу посериозно и посериозно.

Повеќе...