Вила де Аранда противник во осминафиналето на Купот
![]()
Барселона го дозна името на својот прв ривал во Купот на шпанскиот крал. Вила де Аранда на 11 декември ќе биде домаќин во еден натпревар, од кој победникот ќе обезбеди пласман во четвртфиналето. Како и минатата сезона завршниот турнир на најдобрите четири екипи ќе се одржи во мај 2014 година по принципот на Final four на Лигата на шампионите.
Лазаров и Hummel уште пет години заедно
![]()
Познатата скандинавска спортска компанија Hummel на обострано задоволство ја продолжи соработката со капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров. Уште пред години, кога Лазаров беше член на Загреб беше начната соработката, па во друштво на Хансен, Нарцис и нашиот Лазаров ќе биде манекен на Hummel и во иднина.
Лазаров кандидат за играч на 2013 година

Во изборот на престижниот ракометен портал „Handball-planet„ номинирани се најдобрите ракометари на секоја позиција од кои ќе произлезе и најдобриот за 2013 година. На местото десен бек во потесен избор е и капитенот на македонскатата репрезентација Кирил Лазаров.
Нова победа на рутина на ASOBAL лидерот
![]()
Барселона - Фригофикос Моразо 33:21 (16:10)
По репрезентативната пауза и без повредениот Арпад Штербик, првакот Барселона не дозволи изненадување против една од екипите која е хит на сезоната во Шпанија, Фригофикос Моразо од Кангас. По израмнетиот старт и 2:2 по првите три напади на двете екипи, Барса со голот на Рутенка и двата на Јоан Саубич во 10 минута поведува со 5:2.
ФОТО: Кајак, стреличарство наместо тренинг во Барселона
![]()
Тренерот на Барселона Чави Пасквал утринава организираше еден од специфичните тренинзи за неговите ракометари. По завршените лекарски прегледи, на Канал Олимпик во Кастељдефелс беа организирани неколку интересни „натпревари" на вода, поделени во групи во стреличарство, кајак, изработка на брод и слично.
Лазаров за ДЕРБИ: „Не ми е на крај на памет да се откажам од репрезентацијата„
![]()
Пријателскиот натпревар на Македонија со Црна Гора што го добивме со 26:21 го означи стартот на подготвките на државниот тим за настапот на ЕП во Данска, каде што сме во група со домаќините. Капитенот Кире Лазаров постигна осум гола во мрежата на Црногорците кои исто така ќе играат во Данска, но во групата Д, а победата беше надополнета со добар учинок и од другите репрезентативци. За време на собирот на селекцијата, порталот „Дерби„ ја искористи шансата да поразговара со Лазаров на повеќе актуелни теми од светот на ракометот.
Лазаров: „Се наоѓаме на правиот пат„
![]()
Капитенот на националната репрезентација во Струмица ја предводеше Македонија до нова победа и во својот 146 настап за црвено-жолтите виде позитивни вибрации од мечот со Црна Гора.
ФОТО: Роденденот на Борко прославен со победа
![]()
Денес Борко Ристовски го прослави 31 роденден, а најдобар можен подарок стигна вечерва во спортската сала „Парк„ во Струмица со победата на националниот тим над Црна Гора со 26:21. Претходно РФМ му врачи подароци во хотелот „Сириус„ пред последниот ручек на репрезентативците пред заминувањето на натпреварот.
Отпорот на црногорците скршен во вториот дел
![]()
Македонија - Црна Гора 26:21 (11:11)
2.500 љубители на ракометот ја исполнија спортската сала „Парк„ во Струмица по скоро седум години пак домаќин на националната репрезентација во ракомет. Во одсуство на повредениот Миркуловски, играта на нашиот национален тим ја организираше Стојчевски.
ВИДЕО: Лазаров: „Многу е важно што и организационо растеме„
![]()
Капитенот на македонската ракометна репрезентација пред контролниот меч со Црна Гора за порталот ЕКИПА говореше за организациониот прогрес на нашата репрезентација, кој се забележува.




