Барса со најдобар напад и одбрана по шампионската есен
![]()
Со одигрувањето на 84 од 120 средби од групната фаза, завршија активностите во Лигата на шампионите за 2013 година со мечевите од седмото коло. Само унгарскиот Веспрем ги доби сите седум средби, а рускиот Санкт Петерсбург единствен кој не освои ниту бод.
Coca-Cola промоција за Лазаров и Барселона
![]()
Големиот бренд „Coca-Cola„ кој е спонзор со сите секции на големата Барселона, имаше своја промоција на познатиот пијалок. На промоцијата беа инволвирани и сите членови на ракометната секција, па позираа со добро познатиот производ. Coca-Cola е секојдневен придружник на многу луѓе во светот, па често и на врвните спортисти. Исто така оваа компанија изработи посебна серија со имињата на ракометарите.
ВИДЕО: „Фалангата„ подготвува инвазија на Данска
![]()
На нешто повеќе од еден месец до стартот на Европското првенство во ракомет во Данска, нашата нација полека се загрева за уште еден голем настан. Членови на „фалангата„ уште од пред некој месец по ждрепката ги планираат сите детали поврзани во нашата група во Хернинг.
34 ASOBAL куп во “Палау Блауграна„
![]()
Aсоцијацијата на клубови при ASOBAL одлучи градот Барселона и првакот на Шпанија во ракомет да бидат организатори на 34 издание на АSOBAL купот, кој на 21 и 22 декември ќе го играат четирите најуспешни екипи од есенскиот дел на шампионатот.
Лазаров „диригираше„ Барса броеше до 43
![]()
Барселона - Пуерто Сагунто 43:20 (22:8)
Како и поголемиот дел од средбите во ASOBAL лигата и против Пуерто Сагунто, првакот Барселона одигра како на тренинг и ја забележа 13 победа во исто толку натпревари во домашното првенство. Арињо со три гола го отвори мечот и при 4:0 по неполни 3 минути, гостите побараа тајм-аут.
Лазаров втор во изборот на „Хендбол планет„
![]()
Капитенот на македонската репрезентација и играч на Барселона, Кирил Лазаров го освои второто место во конкуренција на десни бекови, како и според вкупниот број освоени гласови во изборот на престижниот ракометен веб портал „Хендбол планет„ За него гласале 20.256 учесници во анкетата за најдобри во 2013 година, а повеќе гласа добил само Ласло Наѓ, и тоа 23.528, па унгарецот од Веспрем е пред Лазаров и во двете категории.
Лазаров за АС: „Горд сум што настапувам за Барса„
![]()
Во краткото интервју на Кирил Лазаров за престижниот шпански дневен спортски весник „DIARIO AS„ македонскиот интернационалец уште еднаш потврди дека го направил вистинскиот избор со преминот во каталонскиот гигант „Горд сум што тренирам и настапувам за оваа екипа, затоа што тоа е сон на секој професионален спортист.
Барса со реванш за вардарци за септемвриското реми
![]()
Барселона - Вардар 30:23 (14:11)
По ремито во септември во Скопје, ракометарите на Барселона му се реваншираа на македонскиот првак Вардар со убедлива победа од 7 гола. Вардар цели 45 минути му се спротивставуваше на европскиот вицешампион Барселона, но немаше сили за нова сензација и на крајот загуби со 30:23.
ФОТО: Кирил Лазаров ги пречека и посети вардарци
![]()
Екипата на Вардар во петокот пристигна во Барселона, каде в сабота попладне го игра мечот од седмото коло против првакот на Шпанија. Според програмата "црвено-црните" вечерва имаа еден тренинг од 19.00 часот.
Лазаров: „Се подготвуваме за Вардар„
![]()
Трет пат во сезоната во Лигата на шампионите, Кирил Лазаров со својата Барселона ќе игра против македонски тим во најсилниот европски куп. Саботниот меч со Вардар во „Палау Блауграна„ е можност Барса да ги наплати сметките по ремито во првото коло, со што Вардар тогаш воден од Кастратовиќ, единствен не загуби во официјален меч од каталонцоте оваа есен.




