Барса ќе игра со Фригорификос Моразо во полуфиналето на ASOBAL Купот
![]()
Овој викенд во Леон, ќе се одиграат мечевите од полуфиналето на шпанскиот ASOBAL Куп, каде во завршницата ќе играат четирите најдобро пласирани екипи во есенскиот дел на шампионатот. Барселона на нашиот интернационалец Кирил Лазаров, ќе се сретне во полуфиналето со Фригорификос Моразо, а второто полуфинале ќе го играат домашниот Адемар Леон и Натурхаус Ла Роха. Полуфиналните мечеви се играат в сабота попладне, а финалето е в недела во 16.45 часот
Онеста го повика Жером Фернандез и во Полска
Француската ракометна репрезентација се комплетира. Онеста го направи списокот од 21 ракометар, кои ќе патуваат за Полска и ќе ја претставуваат француската репрезентација на Европското првенство. Најголемото изненадување во екипата е секако Жером Фернандез, кој одново се најде во составот на „триколорите".
Каталонското дерби и перфектната есен за Барса и Лазаров
![]()
Барселона – Грањолерс 39:28 (18:15)
Каталонското дерби само во првото полувреме ги исполни очекувањата, а потоа Барселона целосно загосподари во сите елементи на играта и го совлада Грањолерс, за да презими на првата позиција, петта сезона по ред како есенски првак во ASOBAL лигата (39:28). Победата на момците на Пасквал од 39:28, скапо ги чинеше гостите, бидејќи не само што загубија, туку и нема да учествуваат на ASOBAL Купот, кој за една недела ќе се одржи во Леон. Со Алмеида на голот и одбрана 6-0, ракометарите на Грањолерс, добро го отворија мечот.
Ткачик е повреден, но Полска избра „тешка артилерија“ за своето ЕУРО
![]()
Селекторот на ракометната репрезентација на Полска, Михаел Биглер го објави списокот на играчи, кои се во комбинација за настап на Европското првенство. Домаќинот на континенталниот шампионат ќе настапи во најсилниот состав, а поради повреда ќе отсуствува само средниот бек на Киелце, Гжегорж Ткачик. Еве го поширокиот список на германскиот стручњак на полската клупа.
Периќ го изостави Вујин, но го врати Станиќ за ЕП во Полска
![]()
Селекторот на репрезентацијата на Србија, Дејан Периќ го објави списокот на ракометари кои ќе настапат на Европското првенство што следната година ќе се одржи во Полска. Периќ на континенталниот шампионат нема да може да смета на двата најголеми аса во тимот Момир Илиќ и Марко Вујин, но во составот се враќа голманот Дарко Станиќ. Ако Илиќ од приватни причини одамна најави дека нема да игра во Краков, неповикувањето на Вујин од Кил е плод на лошите односи меѓу селекторот и ракометарот.
Обрван повика 28 ракометари на поширокиот список за Полска
![]()
Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, објави список од 28 ракометари кои ќе бидат во конкуренција за настап на Европското ракометно првенство во Полска во јануари следната година. Точниот термин и локација за старт на подготовките дополнително ќе биде објавен. Нашата репрезентација на континенталниот шампионат се наоѓа во група со Франција, Србија и домаќинот Полска. Првенството почнува на 15. јануари 2016 година, а Македонија своите натпревари од групата ќе ги игра во Краков.
Филип Јиха успешно опериран во Лондон
![]()
Чешкиот репрезентативец Филип Јиха беше опериран во болницата Велингтон во Лондон, откако веќе неколку недели мака мачи и неопходна беше операција од хернија. Причина за оперативниот зафат беа болките кои ги почувствува на натпреварот со нашиот шампион, Вардар, на натпреварот од Лигата на шампионите, одигран во „Палау Блауграна".
Колективна претстава и голема победа на Барса во Логроњо
![]()
Натурхаус Ла Роха - Барселона 28:39 (16:20)
По домашниот пораз во Лигата на шампионите од Киелце, Барселона наиде на првиот од двата дерби натпревари во ASOBAL лигата, на гостувањето во Логроњо. Засилениот тим на Натурхаус Ла Роха многу мотивирано го почна мечот и пред се во првото полувреме му парираше на европскиот првак. Лазаров и Сигурдсон го отворија резултатот за водство од 0:2 на Каталонците.
Лазаров во тимот на колото во Лигата на шампионите
![]()
Најдобриот стрелец на Барселона, Кире Лазаров беше избран за најдобар десен бек во 10 коло од Лигата на шампионите, откако постигна дури 12 гола на дуелот со Кјелце. Друштво на Лазаров на надворешните позиции во идеалниот тим му прават Даниел Нарсис од ПСЖ и Деан Бомбач од Пик Сегедин.
„Волшебниот“ Лазаров недоволен за победа над Киелце
![]()
Барселона – Киелце 31:33 (19:16)
Во многу убав амбиент во „Палау Блауграна" Барса и Киелце играа во реприза од ланското полуфинале, а во игра беше првото место во групата. Првакот на Европа одлично го отвори мечот и со три ефектни гола на Кирил Лазаров, домаќинот поведе со 6:2 во 7 минута.




