hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров е најдобар македонски спортист во странство за 2015 година

Sportisti na godinata 2015 AMS-0261

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е прогласен за најдобар македонски спортист во странство во изборот според АМС. Лазаров признанието го доби на централната манифестација која се одржа вечерва во Македонскиот народен театар во Скопје.

„Оваа година беше одлична година за мене. Станав европски првак со Барселона и го развеав македонското знаме во Келн. Со репрезентацијата направивме голема работа на мундијалот во Катар, стигнавме на чекор до олимписки квалификации. Критиките уште повеќе не мотивираат, па сега мислам дека сме многу поподготвени. Одиме во Полска со големи мотиви", рече нашиот најуспешен спортист во странство, Кирил Лазаров.

Добитници на признанијата по категории:

Најдобар спортист за 2015 година
Евгениј Поп Ацев (пливање)

Најуспешен спортист во странство
Кирил Лазаров (ракомет)

Најдобра спортистка за 2015 година
Стефани Тодорова (кик бокс)

Најуспешна спортска федерација
Ракометна федерација на Македонија

Најдобар тренер
Жарко Ристоски (одбојка)

Најдобар машки национален тим
Ракометна репрезентација

Најдобар женски национален тим
Карате - тим

Најуспешен спортист со инвалидитет
Андреј Стојановски (пливање)

Најдобар млад спортист
Филип Талевски (ракомет)

 

ФОТО: Филип Вирановски

Share