hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров ја доби наградата "Спортски амбасадор"

sportski amabasadori 1

Кирил Лазаров, Агим Ибраими, Андон Дончевски и Јошко Миленковски денес ги добија признанијата „Спортски Амбасадори". Оваа „четворка" беше на прием кај премиерот Никола Груевски.

„Ми претставува огромна чест како долгогодишен репрезентативец на Македонија, веќе повеќе од 15 години го носам националниот дрес со големо задоволство. Покрај настапите во репрезентацијата, мислам дека достојно ја претставувам Македонија и надвор од нашата земја. Сакам да се заблагодарам за оваа укажана доверба и ќе се обидеме и во иднина како спортски амбасадори да ја презентираме Македонија во најдобро светло" изјави Кире Лазаров.

sportski ambasadori

Наградата Спортски Амбасадори се доделува од оваа година, а според најавите од владата на РМ и Агенцијата за млади и спорт, носителите во скоро време ќе добијат и дипломатски пасоши.

Share