ВИДЕО: Hummel е вистинскиот избор
![]()
Специјализираната данска компанија Hummel е доминантна и на ова европско првенство. Скоро сите репрезентации се во моделите на Hummel, а и голем дел од моделите кои се заштитни лица на овој бренд играат во опремата на Hummel.
ВИДЕО: Димовски: „Имавме почетнички грешки, но нашето финале е Чешка„
![]()
Кружниот напаѓач на нашата репрезентација Ванчо Димовски, како и синоќа така и денес го потврди ставот дека „не ја продадовме скапо нашата кожа„ против европскиот првак, но тоа не е крај на светот. Како и цела нација што размислува така и пивотменот на Металург, знае дека утре со Чешка е нашето прво финале на европското првенство:
За Данска ФИРОМ не постои, само Македонија
![]()
Официјалниот спикер на натпреварите во групата во Хернинг нашата репрезентација и сите нејзини репрезенти ги најавува како Македонија, а не како ЕХФ, која во официјалниот протокот не води како ФИРОМ. Многупати данскиот аниматор го изговори нашето уставно име на мечот со Данска, што беше убаво да се чуе за разлика од претходното европското првенство во Србија, каде нашите северни соседи не нарекуваа ФИРОМ.
ВИДЕО: Ристовски: „Со Чешка го имаме најтешкиот меч на ова ЕУРО„
![]()
По подолго време на еден натпревар двата голмани го заслужија епитетот играч на натпреварот. И Ландин и Ристовски имаа двоцифрен број на интервенции и двата сите 60 минути останаа на паркетот. Нашиот чувар на мрежата од 12 минута се до крајот на мечот бранеше одлично и дури успеа да одбрани и три седмерци. Сега Борко размислува само за нашиот нареден противник:
Загревање во една, натпревар во друга сала
![]()
Организацијата на европското првенство, посебно на групата во Хернинг, до овој момент е беспрекорна. Педантните данци нашле решение за секоја ситуација, а со оглед на тоа што на мечот со Данска му претходеше мал церемонијал на свечено отворање, ракометарите имаа необична практика.
ВИДЕО: Лазаров: „Данска можеше да не победи и да бевме вистински„
![]()
Еден ден по натпреварот со Данска и поразот од големиот фаворит, капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров јасно знае дека не бевме прави во првиот меч, но нашиот турнир вистински започнува во вторник со мечот со Чешка:
Димовски: „Разочаран сум, не ја искористивме вечерта на Борко„
![]()
Некои од нашите ракометари синоќа беа видно разочарани од исходот и пред се од начинот како Данска ја издвојува победата. Посебно поискусните знаат дека европскиот првак вчера не беше сјаен, а ние не го искористивме Борко на голот и неговата форма и интервенции не донесоа ниту тесен пораз:
Исланд и Шпанија до победи без мака
![]()
Б група
На стартот на групата во Алборг репрезентацијата на Исланд ја совлада Норвешка со 31:26 во првиот меч на шампионатот. „Рибарите„ водеа во текот на целиот меч и исходот можеше да се насети. Актуелниот светски првак Шпанија со убедлива победа од 34:27 го отвори настапот на ЕП во Данска и со тоа потврди дека е еден од најголемите фаворити за златниот медал.
Миркуловски: „Ги преценивме данските звезди„
![]()
Филип Миркуловски по завршувањето на мечот јасно кажа дека начинот на кој Македонија влезе во мечот, ја чинеше пораз. Дека противникот е квалитетен не ни треба да се коментира, но се чини ние го „положивме оружјето„ без многу борба:
Ристовски: „Овој меч беше само загревање за Чешка и Австрија„
![]()
На официјалната прес-конференција најпозитивниот македонски репрезентативец Борко Ристовски имаше свој став за мечот и 60 минути со европскиот првак:




