ВИДЕО: Пецаковски: „Унгарците беа подобри од нас во сите сегменти„
![]()
Нашиот најдобар ракометар на мечот со Унгарија Дејан Пецаковски, автор на пет гола, како добар спомен за овој меч кој цела нација сака да го заборави, ќе го сочува рачниот часовник кој ЕХФ го доделува за најдобриот ракометар во двете репрезентации. Сепак и тој како и соиграчите жали што мечот не изглегол како што тие го предвидуваа:
Исланд се „пошегува„ со Австрија за лесна победа
![]()
Како да играа реприза од мечот Унгарија - Македонија, исланѓаните беа во ролјата на унгарците, а австријците ја глумеа нашата репрезентација. Пак мечот почна со очигледна физичка доминација на една од репрезентациите. Исланѓаните делуваа многу цврсто, Гудмонсон влезе во ритам и по 6:2 и 9:3, мечот доби посакувана смерница за репрезентацијата на Исланд.
Унгарија доминантна против непрепознатливата Македонија
![]()
Европско првенство - 1 четвртфинална група (1 коло)
Македонија - Унгарија 25:31 (9:16)
Во потрага по првата победа по цела една деценија против унгарската репрезентација, Македонија со Немања Прибак во ростерот ја започна втората групна фаза на европскиот шампионат. По првата инвидуална акција На Ангеловски, битолчанецот изнуди седмерец, но Роланд Миклер го „прочита„ Лазаров. Нашиот ривал возврати со гол на Гулиаш од позиција на десен бек. Габор Часар од седум метри годи за 0:2 во 5 минута. Гоце Георгиевски како втор пивотмен на почетокот на шестата минута го постигнува нашиот прв гол. Путич и Габор Анчин, на крилата на интервенциите на Миклар, ја одлепија Унгарија до 1:4 во 9 минута.
ФОТО: Пасквал во Хернинг да ги гледа шпанците и Лазаров
![]()
Скоро двојно се зголеми бројот на навивачи, новинари и ракометни работници од денес во Хернинг. Доаѓањето на светскиот првак Шпанија повлече многу голем интерес и меѓу љубителите на ракометот и меѓу експертите. Тренерот на европскиот вицешампион Барселона, Хавиер Пасквал исто како и шпанската репрезентација се пресели од Алборг во Хернинг, да ги следи одблиску ракометарите на неговата Барса, а ги има во изобилство во денешната понуда.
Познати потенцијалните наши ривали за баражот за Катар
![]()
По завршувањето на првата фаза на европското првенство се искристализираа и двете квалитативни групи на репрезентации за мундијалот во Катар кој ќе се одржи од 17 до 31 јануари наредната година. Македонија може да добие еден од трите ривали од овој шампионат или шест селекции кои не обезбедија „билет„ за Данска.
Прибак место Никола Марковски во нашиот состав
![]()
Според очекувањата нашиот стручен штаб изврши една замена од тимот која ја совлада Австрија во последното трето коло од А групата. Немања Прибак ќе влезе во протоколот на местото на Никола Марковски и со тоа ќе дебитира за македонската ракометна репрезентација на официјален натпревар.
Денес играме со најгрубите на првенството
![]()
Една од карактеристиките на нашиот прв противник во втората фаза сигурно е цврстата, агресицна, на моменти и груба игра. Тие се најгрубата екипа на ова првенство, барем според објавената статистика на официјалната интернет страница на првенството.
Скоро десет години сме без победа против Унгарија
![]()
Една од репрезентациите со кои Македонија најчесто играла од своето осамостојување е токму Унгарија (12 пати). Со овој противник сме воделе битки во квалификации за европско или светско првенство, неколку бараж мечеви, еднаш сме играле и на завршен турнир на европско првенство (Италија 1998), а еднаш влогот беше Олимпијадата во Лондон.
ВИДЕО: Раул Ентрериос: „Пречесто играме со Македонија„
![]()
Откако вчера изутрина пристигнаа од Алборг во Хернинг, светските прваци шпанците во главата ја имаат подготовката за мечот со Данска вечерва. Но ако со домаќинот на првенството можат да се сретнат и во хипотетичко финале, за „црвената фурија„ мечевите со Австрија и Македонија се „виза„ за влез во четворката која ќе се бори за медали. Ракометарот на Барселона Раул Ентрериос беше задоволен од одиграното до сега и потврди дека со македонскиот ракомет има контакти многу често во последно време:
ВИДЕО: Ангеловски: „Обезбедивме втора фаза без четири ракометари„
![]()
Во нашиот табор никој не ни помислива да се задоволи со тоа што го направија ракометарите во досегашните 7-8 дена на европското првенство, но и свесни се дека со милион проблеми ја обезбедија оваа втора фаза. Бранислав Ангеловски ја велича менталната снага и другарството во оваа група на ракометари, која излезе на површина можеби и кога многумина не веруваа во оваа репрезентација:




