Исланѓаните ја изнафалија нашата репрезентација
![]()
Во мир и задоволство поради победата над Австрија и начинот на кој се стигна до неа, исланѓаните одработија тренинг во вечерниот термин во помалата арената во Хернинг и ги наполнија со комплименти нашите ракометари. Дипломатските одговори се поклопуваа, а малкумина говореа нешто поконкретно за утрешната средба и карактеристиките на нивниот нареден противник. Достапни исланѓаните разговараа со сите нашите новинари, а Густафсон и Гунарсон го поделија своите мислења со македонските читатели на ЕКИПА:
Шведска мораше по потешкиот пат
![]()
Русија - Шведска 27:29 (13:20)
Во еден од најлошите дефанзивни натпревари на ракометарите на Русија, швеѓаните максимално ја искористија нивната млада и бавна игра и со постојани менувања на местата до врв ја наполнија мрежата на „зборнаја„ Заменикот на Ким Андерсон, Јохан Јакобсон одигра одлично прво полувреме и постигна 6 гола. После 9:6 во 14 минута, момците на Штафан Олсон и Ола Линдгрен „нагазија„ и со црвста одбрана командувана од Тобијас Карлсон, постигнуваа лесни голови.
Снори Гудјонсен: „Одбраните ќе бидат клучни против Македонија„
![]()
Претпладнево пред исланѓаните да го „скенираат„ нашиот тим преку видео материјал, разговаравме со Снори Гудјонсен за разликата меѓу оваа Македонија и онаа со која се соочуваа на последните големи натпреварувања, конкретно во Севиља минатата година, кога скандинавците беа поуспешни со водство од првата до последната минута. Универзалниот ракометар верува дека како и скоро секогаш, одбраните ќе бидат клучни за конечниот исход на оваа средба:
Јуркиевич ја „извади Полска од мртвите„
![]()
Полска - Белорусија 31:30 (14:13)
Првиот меч во денешната програма во Архус, беше соочувањето на Полска и Белорусија. Домаќинот на наредното европско првенство, подобро го отвори мечот, но Сергеј Рутенка возврати и при 4:4, Биглер побара тајм-аут. Централната фаза на првиот дел им припадна на белорусите, во чиј што табор одбраната подобро функционираше и Бабичев и Камишик донесоа 6:8 во 18 минута.
ВИДЕО: POWERLINE линијата на Hummel воодушевува
![]()
Во пресрет на европското првенство во Данска, водечкиот ракометен бренд Hummel исфрли на пазарот нова патика со жолта боја, која во Данска ја носат само екслузивците на оваа компанија. Така пред некој месец во Париз беше снимен видео спот за оваа патика наречена „POWERLINE„ во кој учествуваа двајцата најдобри ракометари за последните две години, Даниел Нарцис (ПСЖ, Франција ) и Микел Хансен (ПСЖ, Данска).
Велко Марковски има хематом, Ојлевски ќе биде спремен
![]()
По натпреварот со Унгарија листата на повредени играчи кај Македонија е зголемена. Велко Маркоски по лекарската препорака остана надвор од игра во вториот дел откако на грбот му се појавил хематон, а селекторот Ивица Обрван на прес конференцијата истакна дека сеуште не знае за што станува збор. Гоце Ојлески во еден момент побара замена откако лошо згазна и го свитка глуждот на левата нога.
ФОТО: Не му е на секого забавно во Хернинг
![]()
Изгледа неверојатно, но и тоа се случува, се гледа, се доживува. Начинот на кој данците го интерпретираат овој спорт остава без здив. Изгледот на „Јуске Банк Боксен арената„ кога игра домашната репрезентација е фантастичен. Црвената боја и навивањето на домашната публика е навистина фантастично.
ФОТО: Ким Андерсон кога не може да игра, може да коментира
![]()
Дури до април леворакиот Ким Андерсон нема да настапи на ракометните терени, заради повреда која му претходеше на европското првенство. Но затоа каризматичниот шведски ракометар по примерот на дел од своите колеги, на ова првенство е во улогата на стручен коментатор за шведската телевизија и по Копенхаген, од вчера се пресели во Хернинг и Архус, каде ќе ги коментира мечевите од двете завршни групи.
Ландин им се реваншираше на шпанците
![]()
Очигледно оној пораз во финалето на светското првенство во Шпанија минатата година, оставил траги врз данците. Толку ги мотивираше за еден вид на реванш, што вечерва се надминаа себе си и во целост го надиграа тимот на Маноло Каденас. Во првиот дел се играше многу израмнето, со Хансен и Егерт како предводници на секое минимално одлепување на домашната репрезентација. 9:7, па 14:12 и на полувреме 16:14 за репрезентацијата на Вилбек.
ВИДЕО: Лазаров: „Ракометна лекција, бидејќи немавме план Б„
![]()
Како и сите наши репрезентативци и капитенот Кирил Лазаров неколку часа по натпреварот мораше да ја признае и честита победата на Унгарија, но и како и секогаш нашиот капитен се обиде да ги пронајде причините заради кои се дојде до поразот:




