hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Гојун не игра со Хуеска, Лазаров неизвесен

kire lazarov 13 04 2013

Атлетико Мадрид со официјално соопштение на својата веб страна информираше како еволуираат повредите на Кирил Лазаров и Јаков Гојун. Двајцата балкански ракометари се вратија со повреди од своите настапи за националните репрезентации. Имено долго време беше неизвесно од каква природа е повредата на Лазаров здобиена на мечот со Шпанија во Скопје. Тој започна со тренинзи со Атлетико Мадрид, но се уште влече повреда заради која е неизвесен за мечот со Хуеска в недела. Сигурно на тој натпревар нема да настапи хрватот Гојун и го очекува пауза од 3-4 недели, така да веројатно ќе го пропушти комплетниот двомеч со Барселона од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Скоро и да не постои ракометар на Атлетико Мадрид кој оваа сезона не се повредил, така да Душебаев навикнал да се носи со ваквата ситуација.

Share