hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Маркусен го замени Атлетико со катарскиот Ал Џаиш

kire 28 03 2013

Левиот бек на мадридски Атлетико, Николај Маркусен реши да си замине од Шпанија и да ја продолжи својата кариера во Ал Џаиш - Катар. Данскиот интернационалец заедно со Лазаров беше еден од клучните ракометари на Атлетико и како таков требаше да биде голем адут пред четвртфиналните пресметки од Лигата на шампионите против големиот ривал Барселона.

Затоа големо е изненадувањето што Маркусен побара раскин на договорот и го одбра Ал Џаиш пред дуелот на гигантите во најсилниот европски Куп. Маркусен имаше сезона исполнета со многу повреди и падови и подеми во формата и според информациите од клубот уште од ноември минатата година побарал траснфер. Без него и без можност да биде доведена замена, тимот на Лазаров го подготвува двомечот со Барселона на крајот од месец април.

Share