Момците на Лазаров ќе ги почнат квалификациите против Грција

Македонските ракометари добија поволна група, во која ќе играат со еден гигант и два аутсајдери. Шведска е голем фаворит во групата, а преки Грција и Луксембург треба да се избориме за пласман на шампионатот во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Македонија ќе ги почне и ќе ги заврши квалификациите на домашен терен.
Квалификации за ЕП 2028:
Прво коло - 5/6 ноември 2026, Македонија – Луксембург
Второ коло - 8/9 ноември 2026, Грција – Македонија
Трето коло - 10/11 март 2027, Македонија – Шведска
Петто коло - 5/6 мај 2027, Луксембург – Македонија
Шесто коло - 9 мај 2027, Македонија – Грција
Првопласираните и второпласираните селекции од секоја група во квалификациите ќе обезбедат место на Европското првенство во 2028 година, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.




