Словачка противник во мундијалскиот бараж, првиот дуел на гостински терен

Словачка ќе биде противникот на македонската ракометна репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година. Ова стана јасно откако Словачка со вкупен резултат го доби двомечот против Украина.
На првата средба Словачка победи со 27:24, а денеска на реваншот во еден момент имаше негатива и од шест разлика, за да сепак до крајот успее да анулира поголем дел од негативата и на крајот загуби минимално со 32=31. Ако се знае дека Словачка победи со три разлика на првата средба, а сега загуби само еден гол, тие се радуваа на пласман во финалето од баражот каде ги чека Македонија.
По сите параметри и рејтинзи, Македонија ќе ја има улогата на фаворит во двомечот со Словачка, но сепак на терен ќе треба да се одработи за да се продолжи континуитетот за пласман на големо натпреварување. Првиот натпревар Македонија го игра на гостински терен, тоа би било 13/14 мај, најверојатно во Бистрица, додека реваншот се игра во Скопје на 16/17 мај.




