Кирил Лазаров е тренер на годината во изборот на РФМ

Тренерот на Алкалоид и селектор на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, е прогласен за најдобар тренер за изминатата година на манифестацијата во организација на Ракометната федерација на Македонија.
Минатата сезона, Алкалоид донесе европски трофеј за Македонија и го освои Европскиот Куп на ЕХФ. Со македонската репрезентација Лазаров имаше одлично Светско првенство и ја одведе Македонија на Европското првенство во Скандинавија во јануари 2026 година.
Најдобар ракометар и ракометарка: Филип Кузмановски и Катерина Дамјаноска
Најдобар тренер во машка и женска конкуренција: Кирил Лазаров и Симе Симовски
Најдобар млад ракометар и ракометарка: Димитар Узунчев и Марија Јанкуловска
Најдобри странци: Дмитро Хориха и Ана Вранчиќ
Најдобри стрелци: Давид Димевски и Марија Анчева
Најдобар ракометар и ракометарка (социјални мрежи): Никола Митревски и Теодора Гулицоска
Најдобри судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов




