Лазаров: Нашиот ракомет има богата историја, фановите покажаа дека ја сакаат оваа игра

Кирил Лазаров беше дел од тимот на Македонија на денешниот ракометен настан во „Јане Сандански". Селекторот одново го облече репрезентативниот дрес и заедно со некогашните соиграчи во репрезентацијата и големи пријатели се судрија со тимот на Европа кој беше составен од голем број ракометни легенди.
Лазаров по натпреварот изјави дека чувството да се биде дел од ваков настан е прекрасно и им се заблагодари на присутните фанови за поддршката од трибините.
„Прекрасно е чувството. Ова беше настан за секоја пофалба што луѓето собраа сили да го организираат ова. Да се соберат сите и да се потсетиме на едни убави моменти за македонскиот ракомет. Нашиот ракомет има богата историја и се надевам дека во иднина ќе имаме вакви за причини за славје. Честитки за Спортско радио, убав настан. Македонските фанови повторно покажаа дека го сакаат ракометот и сакам да им се заблагодарам што ни ја даваа поддршката и за довербата која што ја имаме стекнато кон нив", рече селекторот Лазаров.
Натпреварот меѓу Македонија и Европа заврши без победник – 30-30.




