hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Собир на ѕвезди на ревијалниот натпревар за роденденот на „Спортско радио 90,3 ФМ“

kire1

Ракометните легенди синоќа беа на сцена во ревијален натпревар во организација на „Спортско радио 90,3 ФМ", кое слеваше 20 години од своето постоење.

Спортскиот настан беше поздравен со околу 4.000 навивачи, а резултатот беше во втор план и дуелот заврши нерешено 30-30.

Публиката имаше убава можност да се потсети на мајсториите и да ги поздрави мајсториите на Кирил Лазаров, но и на Пепи Манасков, Миркуловски, да види нова атракција на голот од популарниот Ангелов, но тука беа и гостите, а дел од нив во изминатиов период настапувале и за македонските екипи, како Штербик, Кањелес, Карачиќ, Чупиќ, Вугринец, ... сите оние кои како играчи настапувале на највисоко ниво.

На клупите беа оние кои во Скопје имаа незаборавни пресметки Лино Червар и Веселин Вујовиќ, двајцата во одреден период и селектори на македонскиот национален тим. За да биде настанот комплетен дуелот го судеа Марјан и Драган Начевски, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, како и Силвана Карбевска и Марија Илиева. Натпреварот имаше три периоди, по првиот водеа странците со 9-7, по вториот предност имаше Македонија 20-18. На крајот беше 30-30.

Ова беше ретка можност на едно место да има толку многу ѕвезди, а многу од нив додека беа активни играчи ги радуваа македонските фанови.

Share