hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

„Јапонија е противник по мерка, ми се допаѓа нивниот стил“

496004386 1023812363213896 5214337342736345936 n

Ракометната репрезентација на Македонија се насочува кон настапот на Европското првенство во јануари. Среќата не беше баш на страната во извлекувањето, па добивме група во Хернинг со домаќинот Данска, Португалија и Романија.

Како „загревање" за континенталниот собир нашата најискусна селекција ќе одигра двомеч пријателски натпревари против репрезентацијата на Јапонија. Селекторот Кирил Лазаров ги собра ракометарите во хотелот „Александар Палас".

„Натпреварот со Јапонија го договоривме уште во летниот период, таму селектор е Тони Џирона кој ги водеше на Олимписките игри. Ми се допаѓа стилот на игра кој го има со брз и динамичен ракомет, ние во овие два натпревари ќе ги искористиме да пробаме некои работи кои ни недостасуваа во минатото и да се подготвуваме за уште едно големо натпреварување. Затоа сметам дека Јапонија противник по мерка. Ќе испробаме некои работи, ќе имаме и јасни цели на што мораме да внимаваме за да видиме до каде сме. Јапонија играше Олимписки игри и тоа е тоа ниво со кое се соочуваме на големите натпреварувања, нема да пробуваме нешто специјално, меѓутоа ќе дадеме шанса и на нкеои помлади ракометари. Деновите максимално ќе ги искористиме, ќе имаме пет тренинзи , два натпревари. Нема да бидат толку физички тешки, ќе бидеме насочени на детали", изјави Лазаров.

Првиот натпревар против Јапонија, Македонија го игра на 30 ноември во Автокоманда, додека вториот е закажан за 1 ноември во Куманово.

Share