Митревски се појави на собирот, но е повреден - дополнително повикан Кизиќ

Иако пристигна денеска на прозивката, голманот Никола Митревски нема да биде во комбинација за Македонија за натпреварите против Јапонија. Причината е повреда, која голманот ја пријавил кај селекторот Лазаров.
Лазаров веднаш реагираше, и го повика на негово место Марко Кизиќ кој ќе се приклучи на националниот тим.
„Николче Митревски се појави на собирот, но ми најави дека има повреда и затоа го повикав дополнително Марко Кизиќ. Задоволен сум од формата на репрезентативцитее и сигурно дека оваа недела ќе дојде добро за да се видиме одблиску и да сработиме нешто повеќе", изјави Лазаров.
Македонија првиот натпревар со Јапонија го игра на 30 ноември во Автокоманда и тој ќе биде од затворен тип, додека втората пресметка е закажана за 1 ноември во Куманово.




