hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров ја собра репрезентацијата за ЕХФ неделата и двомечот со Јапонија

494314953 1023811023214030 4319148733116649749 n

Македонската ракометна репрезентација денес го имаше официјалниот собир во рамките на ЕХФ неделата во која се планирани и две пријателски средби со селекцијата на Јапонија. Селекторот, Кирил Лазаров ја одржа првата прозивка на повиканите ракометари за двата пријателски натпревари против Јапонија, кои треба да бидат и генерална проверка пред настапот на Европското првенство на почетокот на следната година.

Лазаров дополнително го повика ракометарот на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ.

Првиот натшревар со Јапонија ќе биде од затворен тип на 31 октомври, а вториот е отворен за јавноста и ќе се одигра во Куманово на 1 ноември.

Share