hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

„Јуске Банк Боксен“ во Хернинг дом на македонските ракометари

Jyske Bank Boxen venue of the 2013 European SC Swimming Championships 7973316130

Ракометната репрезенттација на Македонија ќе биде дел од групата Б на Европското првенство во Шведска, Данска и Норвешка, а тоа значи дека нема да менува град во текот на целиот шампионат.

Македонија ќе игра со Данска, Португалија и Романија. Сите мечеви од групата Б се играат во „Јуске Банк Боксен" во Хернинг, а најдобрите две селекции одат во следната фаза, која исто така се игра во данскиот град Хернинг. Во оваа арена Лазаров и другарите играа на Европското првенство во 2014 година.

Европското првенство во Норвешка, Данска и Шведска ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари. Бранител на тронот е Франција која во последното финале ја совлада Данска, а третопласирана беше Шведска.

Share