hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Одигравме екстра-квалитетен меч, сега ќе играме со најдобрите во Европа

495638127 1023811513213981 6938789016490865592 n

Нашите најдобри ракометари ја прегазија Литванија со 26:17 во преполниот СЦ „Јане Сандански" и очекувано обезбедија место на Европското првенство во 2026 година.

Иако започнавме лошо, во продолжението влеговме во победнички ритам и на крајот доминатно го завршивме мечот. Македонија на тој начин заедно со лидерот во групата, Словенија, си обезбеди место на уште едно големо меѓународно натпреварување.

„Сакам да им честитам на сите момци, им честитав во Естонија и ги поддржав. Дојде јавноста, не поддржи по победата со 19 гола разлика. Сите беа решени да се пласираат на ЕП 2026. Отворивме лошо, типично македонски. Но, како одминуваше време, така мечот замина на наша страна. Момците не се испаничија, покажаа карактер. Имавме екстра-квалитетен меч, знаевме што сакаме. Секоја чест за целиот тим. Сега ќе играме со најдобрите во Европа", рече Лазаров.

Во нашите редови се истакнаа Кузмановски и Серафимов со пет гола, додека голманот Томовски забележа десет интервенции.

Share