hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Литванија немоќна во скопскиот „пекол“, Македонија се пласира на Европското првенство

495450252 1023812786547187 1821369053251639696 n

Македонија - Литванија 26:17 (13:11)

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација во последното шесто коло од квалификаците за Европското првенство триумфираше над Литванија со 26:17 (13:11). На тој начин Македонија го освои второто место во групата и обезбеди пласман на континенталниот собир следната година.

Литванците поведоа на стартот со 0:4 со головите на Антанавичиус и Петреикис, а неколку наши удари едноставно не влегуваа во литванската мрежа, Го добивме првиот седмерец во осмата минута кој го реализираше Кузмановски за намалување на 4:1. Лазаров знаеше дека одбраната мора да биде подобра, одговорот дојде со првата одбрана на Митревски. Во следниот напад дојдовме до уште еден погодок преку Ивановски со убав соло продор. Литванија одржуваше предност од три голови разлика, по 13 минути игра беше 3:6.

Следуваше постабилна игра на нашите, постигнавме два голови во серија за 10:8, позитива што ја однесовме и на полувреме (13:11).

Добро го почнавме вториот дел со два голови во низа за 15:11, а со погодокот на Џонов веќе имавме 16:12 за радост на трибините. Растеше позитивата, стана и плус пет по реализираниот седмерец на Кузмановски. По еден мал период без погодоци, ние реализиравме преку Џонов за 18:13. Играта во одбраната стануваше се поцврста, Литванците веќе не беа така сигурни во нападот, стигнавме и до плус шест за 19:13 по што ривалот побара нов тајмаут.

Литванците имаа исклучен ракометар, тоа го искористивме и за плус осум преку Јагуриновски за 22:14, а Томовски и натаму блескаше и дојде до 10 одбрана на девет минути до крајот на мечот. Македонија надмоќна се до самиот финиш на мечот, Дамјан Митев од пенал стрелаше за 26:16 и славјето можеше да почне кај македонските ракометари и кај ракометните и спортските фанови.

Радува разноврсноста меѓу стралците, бидејќи по пет гола дадоа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов, по три имаа Пешевски и Џонов, двапати стрелаа Ивановски, Лазаревски, Јагуриновски...

Share