hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ако ја мине Романија, Македонија ќе се бори за мундијалска виза против Чешка

mkd zdrepka

Чешка ќе биде финалната пречка на Македонија на патот до Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година, доколку нашите ракометари во првиот бараж дуел успеат да ја елиминираат Романија.

Првиот меч од оваа втора рунда од баражот ќе се игра на 11 април, а конечната одлука околу патникот на СП ќе биде донесена на реваншот закажан за 17 април.

Плеј-оф за СП 2023 - втора фаза:

Русија - Словачка/Белгија
Украина/Финска - Хрватска
Грција/БиХ - Црна Гора
Португалија/Швајцарија - Холандија
Италија/Словенија - Србија
Германија - Фарски Острови/Белорусија
Чешка - Македонија/Романија
Австрија/Естонија - Исланд
Израел/Литванија - Унгарија

Прв противник на Македонија во првата фаза од баражот е романската ракометна репрезентација.

Share