
Ракометната репрезетнација на Македонија се собра во хотелот „Александар Палас", со што и официјално ќе биде започнат подготовките за Европското првенство 2022 кое во јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
Интернационалците Никола Митревски, Филип Миркуловски и Никола Пешевски се очекува да пристигнат утре, бидејќи денеска имаат обврски кон своите тимови во шампионатот на Португалија, односно Германија. Нашата репрезентација ќе одигра два натпревари против Египет во Каиро, како дел од програмата на стручниот штаб за Европското првенство.
Лазаров кажа дека барал силен противник во рамки на ЕХФ-неделата, па задоволен е што ќе играме против Египет, иако и Шпанија била во конкуренција.