hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров погодуваше и асистираше, Нант на гости го совлада Саран

saran - nant lazarov

Саран - Нант 28:30 (12:17)

Три дена по европскиот пораз на домашен терен, ракометарите на Нант им се вратија на победите, откако на гостински терен го совлада тимот на Саран со 28:30.

Со овој триумф Нант го држи второто место на табелата во шампионатот на Франција, кое сезонава е целосно непредвидливо, ако се исклучат натпреварите на првакот ПСЖ.

Лазаров запиша три погодоци и пет асистенции и беше еден од најпозитивните во својата екипа. Валеро Ривера со седум гола и Драган Пешмалбексо шест исто така одиграа одличен натпревар. Кај Саран, Васко Шеваљевиќ стрелаше пет пати.

Ова беше петта победа за тимот на Нант сезонава, а во моментов има исто бодови како и Екс Прованс.

Нант во следната рунда од францускиот шампионат е домаќин на Истр.

Share