hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лемго го изненади Нант и однесе цел плен од Франција

кирил лазаров со лемго

Нант - Лемго 27:28 (10:12)

Непредвидливоста на ЕХФ Лига Европа на најдобар можен начин можеше да се види во натпреварите од второто коло. Еден од фаворитите за освојување на натпреварувањето, француски Нант загуби на домашен терен од бундеслигашот Лемго со 27:28, само седум дена откако Бенфика ги победи Германците на гостински терен.

Дуелот од второто коло на групата Б донесе голема драма. Лемго имаше водство во текот на првите триесет минути и на одмор замина со +2. Во продолжението Германците поведоа и со +6 и на крај само го ублажија поразот.

Кирил Лазаров постигна три погодоци, а најефикасен кај Нант беше Тибо Брио со пет погодоци. е. На спротивната страна за германскиот претставник седум голови беа дело на Карлсбогард, а шест запиша Цербе. На другите натпревари фаворитите Бенфика и ГОГ Гудме запишаа победи против Чеховски Медведи и Кокс. По две одиграни кола во групата Б по четири бодови имаат ГОГ Гудме и Бенфика, по два Нант и Лемго, а без бодови се Чеховски Медведи и Кокс.

Во следната трета рунда Нант на 16 ноември пред своите навивачи ќе ги одмери силите против ГОГ Гудме од Данска.

Share