hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Спектакуларниот Нант го „наполни“ Нанси, Лазаров вгради три гола во победата

nant nancy

Нант - Нанси 37:28 (20:13)

Ракометарите на Нант заокружија перфектна недела со трета победа во шест дена и одиграа гледлив и ефикасен ракомет. Екипата на Кирил Лазаров го отвори седмото коло од првeнството на Франција со лесна победа над Нанси со 37:28. Нашиот најдобар ракометар максимално ја искористи минутажата, играше тимски, но подели и неколку асистенции и голови. На одмор се замина со +7, а во вториот дел гостите целосно се предадоа и загубија со девет разлика.

Лазаров вгради три погодоци во победата на тимот на Ентрериос, а најефикасни со по пет гола беа Калваканти и Монар.

Со оваа четврта победа во шампионатот Нант скокна на четвртото место со девет бода.

Share