hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Ракометната селекција е наша најуспешна репрезентација!

кире на УО

На седницата на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија, селекторот Кире Лазаров го поднесе својот извештај за периодот мината на клупата на машката репрезентација.

Селекторот Лазаров ќе ја предводи репрезентацијата и како играч и како селектор на следното Европско првенство во Словачка и Унгарија, а со пет победи од шест натпревари, нашата најдобра селекција зад себе го остави најуспешниот циклус од квалификациите.

„Ракометната селекција е најуспешна репрезентација во нашата земја. Овој циклус го завршивме со десет бода. Единствен пораз ни беше против светскиот првак Данска на гостински терен. Сите репрезентации грабат напред. Мора да одиме чекор по чекор, да направиме промена на генерација, без да го загубиме континуитетот на учества на големите натпреварувања", рече Лазаров.

Селекторот за неполни две недели ќе прозивa во Скопје пред двомечот против Србија во Ниш на 19 и 20 јуни.

Share