hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Рутинска победа над Шартр, одличен почеток на месец јуни за ракометарите на Нант

lazarov nant4

Нант - Шартр 33:28 (20:14)

По поразот од Сант Рафаел и заморото од силниот ритам, Нант полека влегува во посакуван ритам пред епицентарот на сезоната и натпреварите на завршниот турнир на Лигата на шампионите на 12 и 13 јуни во Келн. Кирил Лазаров и неговиот Нант на домашен терен го надиграа Шартр со 33:28, во натпревар во кој водеа во текот на сите шеесет минути.

Брзо поведоа со убедлива разлика и ракометарите на Нант рутински го приведоа мечот за нова победа.

Кирил Лазаров постигна еден гол во победата против Шартр.

Пред патувањето во Келн и полуфиналниот дуел со Барселона, ракометарите на Нант ги очекува уште еден домашен дуел против второпласираниот тим на Монпелје.

Share