
Кретеј - Нант 32:36 (9:18)
Поразот од Сант Рафаел е заборавен и Нант пак им се врати на победите во францускиот ракометен шампионат. Екипата која влезе во големата четворка на европскиот ракомет, лесно се справи во Кретеј, победувајќи го на гостински терен со 32:36 (9:18).
Македонскиот ас Кирил Лазаров не настапи, но и немаше потреба најдобрите ракометари на Алберто Ентрериос да играат максимално на ова лесно гостување. Од старт ракометарите на Нант се одлепија, лесно дојдоа до 5-7 голови разлика, а на полувреме веќе беше 9:18.
Во вториот дел Нант се опушти, им дозволи на домаќините да ја преполоват разликата и да дојдат до чесен пораз.
Дамартин и Балагер постигнаа по пет гола и беа најефикасни во таборот на третопласираната екипа во лигата.