Сант Рафаел го изненади Нант и му ја прекина победничката серија

Нант - Сант Рафаел 27:32 (12:16)
Нант ја прекина позитивната серија во последните два месеци помалку неочекувано претрпе пораз на домашен терен во првенството на Франција. Полн плен од теренот на полуфиналистот на Лигата на шамшионите носи Сант Рафаел, кој славаше со 27:32 (12:16). Поразот ќе ги намали шансите на екипата на Ентрериос во битката со Монпелје за второто место, зад неприкосновениот ПСЖ.
Нант имаше проблем со реализацијата, а имаше и пет повеќе загубени топки од противникот. Разликата се направи кога од 21:22, Сант Рафаел успеа да се одлепи на 21:24, потоа беше и 22:27, резултат доволен за успех на крајот.
Кирил Лазаров беше стрелец на три гола, а од неговите соиграчи најефикасен беше Балагер со седум гола. Рафаел Кошето од Ст. Рафаел со десет погодоци беше најзаслужен за гостинската победа.




