
Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров израмни неверојатен рекорд во елитното европско натпреварување, Лигата на шампионите.
Маскедонскиот ас е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите, а вечерва го стигна Арпад Штербик на врвот на листата на играчи со најмногу настапи во ова натпреварување. Дуелот против Киелце во осминафиналето е 249-ти натпревар во Лигата на шампионите. Во ова натпреварување нашиот ас настапуваше во дресовите на Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Атлетико Мадрид (Реновалиа Суидад Реал), Барселона и Нант.
Зад Лазаров и Штербик се Тиери Омејер со 240, Никола Карабатиќ со 237, Јонас Калман со 225 и Тимур Дибиров со 217 одиграни средби во Лигата на шампионите.