hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров и Гранлунд најдобри стрелци по првите два квалификациони натпревари

kire1 1

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, и финскиот лев бек Макс Гранлуд се на врвот на листата на стрелци со по 17 гола по првите два квалификациски меча за пласман на ракометното Европско првенство во 2022 година, кое треба да се игра во Унгарија и во Словачка. Зад нив е Швајцарецот Енди Шмит со 16 погодоци, а по 14 реализации имаат Швеѓанецот Лукас Пелас и Естонецот Карл Том.

Листа на стрелци:

Кирил Лазаров (Македонија) 17

Макс Гранлуд (Финска) 17

Енди Шмит (Швајцарија) 16

Лукас Пелас (Шведска) 14

Карл Том (Естонија) 14

Пласман на ЕП 2022 обезбедуваат двете најдобропласирани селекции од секоја од осумте групи и четирите најдобри меѓу третопласираните репрезентации во групите. Директен пласман на континенталното првенство во 2022 година, пак, обезбедија домаќините Унгарија и Словачка, како и финалистите од ЕП 2020, Шпанија и Хрватска.

Share