Голден Арт КЛ7 го надигра Тиквеш во возбудлив тест дуел

Момците на Андон Бошковски ја забележаа својата втора победа на подготвките за новата сезона. Во возбудлив натпревар совладана е екипата на ГРК Тиквеш 2014 со 27-26. Ракометарите на Голден Арт КЛ7 одлично го отворија натпреварот, па после осум минута игра имаа предност од 6-2. Не дозволија младите момци на новиот суперлигаш резултатски да се приближи ГРК Тиквеш, па во 27 минута дојдоа и до максимални пет погодоци разлика односно 14-9, додека на крајот од првиот дел беше 15-10
Вториот дел се одигра во ист ритам, Голден Арт КЛ7 ја одржувавше предноста, а во 39. минута имаше и максимални шест погодоци разлика, 19-13. Во последните десет минута од натпреварот следуваше мал пад, па кавадарчани ублажија и стигнаа до 27-26. Деновиве Голден Арт КЛ7 ќе игра нов дуел со Тиквеш, на гостински терен, додека во среда гостува во Автокоманда на првиот тим на РК Металург.
Голден Арт КЛ7 – РК Тиквеш 2014 27-26 (15-10)
Голден Арт КЛ7:
Цветаноски 2, Каковски 2, Ѓеоргиев 1, Стојков 1, Крстески 2, Гучески 2, Даев 2, Димовски 5, Илиески 2, Стојковиќ 2, Ѓорговски 6




