hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров даде четири гола, Нант загуби од шампионот

Lazarov-Nantes

ПСЖ - Нант 31:29 (17:14)

Ракометарите на Нант загубија од ПСЖ со 31:29 во супер-дербито од 20. коло на францускиот шампионат. Нашиот интернационалец Кирил Лазаров одигра одличен натпревар и го врати својот тим во драматичен финиш, но сепак бодовите останаа во Париз. Капитенот на нашата репрезентација постигна четири гола, некои од нив во клучната фаза од натпреварот.

Дуелот започна израмнето, но во финишот на првото полувреме домаќините водени од Скандинавците Сагосен и Хансен се одлепија на +3. Парижаните за кои не настапи Никола Карабатиќ на почетокот од вториот дел ја зголеми предноста до 26:21, но реагираа Лазаров и Клер и донесоа драматичен финиш.

Македонскиот ас постигна два гола во серија и израмни на 27:27, но следеше серија на „светците" за финална победа од 31:29. Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Хансен со осум голови, а Ремили даде четири, додека кај Нант, покрај Лазаров, се истакнаа Клер и Турна со по шест погодоци.

ПСЖ се доближи до лидерот Монпеље, а Нант остана трет со 28 бода.

Share