hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барселона против Вардар во полуфиналето на ЛШ

ehf f4

Шпанскиот ракометен првак Барселона  го доби Вардар како противник во полуфиналето  на Ф4 турнирот во Келн. Македонските репрезентативци Кире Лазаров и Борко Ристовски ќе имаат можност да ги одмерат силите со „вардарци“ во битка за место во големото финале.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Веспрем и ПСЖ.

Полуфиналињата во ЛШ ќе се играат на 3 јуни, додека мечот за третото место и големото финале се закажани ден подоцна. Домаќин на големиот ракометен настан повторно ќе е „Ланксес арена", но домашната публика за првпат по формирањето на Ф4 нема да има германски претставник.

Share