hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса ја „скрши“ Ла Роха за финале на ASOBAL Купот

la-rioha 1

Барселона – Натурхаус Ла Роха 33:28 (17:16)

Ракометарите на Барселона се првиот финалист во ASOBAL Купот во Леон, откако денес во првото полуфинале го совладаа тимот на Натурхаус Ла Риоха со (17:16). Иако во првото полувреме отпорот на ракометарите од Логроњо беше силен, сепак квалитетот на Каталонците дојде до израз во вториот дел и за победата нема никаква замерка. Противник во утрешното финале на екипата на Кирил Лазаров и Борко Ристовски ќе биде поуспешниот од натпреварот Адемар Леон – Гранољерс.

По изедначениот почеток и четири израмнувања по ред, Анхел Фернандез ги доведе ракометарите на Натурхаус Ла Роха со 4:5. Дури во 12 минута првпат една екипа се одлепи на +2, откако Нгесан погоди за 8:6. Борко добро бранеше во централната фаза од првиот дел, но со серија на Алберт Рокас во последните мигови од првиот дел, Барса заостана на -2 (11:13). Сепак екипата на Пасквал имаше енергија и во последните 4-5 минути од првиот дел со головите на Сипржак и Жалуз на одмор замина со минимална предност (17:16).

Многу полесно се играше во продолжението кога Лазаров и Сорондо ги постигна своите втори голови во мечот за 23:20. Во 41 минута кога Нгесан реализираше веќе беше +5 и Барса стабилно се одлепи во централната фаза од продолжението.

При 30:25 првакот се опушти и со играч повеќе Натурхаус Ла Роха се врати во мечот и со головите на Виго и Анхел Фернандез намали на 30:27. Сепак до крајот Барса не дозволи драма и го доби натпреварот со 33:28.

Жалуз со 6 и Лазаров со 5 гола беа најефикасни во победата на Барселона.

Share