Барса со победа во Хуеска обезбеди перфектна есен
Хуеска – Барселона 26:30 (15:13)
Ракометарите на Барселона ја потврдија есенската титула во шпанската ASOBAL лига, откако во многу тежок натпревар на гости ја совладааа екипата на Хуеска до 26:30 (15:13). Како и во два наврати оваа сезона, Барса со пресврт во вториот дел успеа да се врати во мечот и да извојува значајна победа.
Многу изедначено започна натпреварот и неколку пати двете екипи се менуваа во водството. Марсело и Селикани имаа свои моменти во финишот на првиот дел и од 9:10, Хуеска направи серија 6-3 и го доби првиот дел со 15:13.
Вториот дел започна со головите на Виктор Томас и Седрик Сорондо и брзо гостите од Каталонија загосподорија со играта, а брзо и со резултатот. Кога се „кршеше" резултатот на сцена стапи Жалуз и со серија на победи донесе победа на Барса од 26:30. Овој триумф е 15 победа од исто толку натпревари за екипата водена од Чави Пасквал.
Во таборот на Барселона, Жалуз со 9 гола беше најефикасен поединец, Андерсон постигна 6 гола, а нашиот Кирил Лазаров беше автор на 2 гола. Борко Ристовски не доби шанса меѓу стативите, бидејќи Гонзало Перез де Варгас бранеше во текот на целиот натпревар. Во таборот на Хуеска се истакнаа Селикани со 6 и Марсело со 4 гола.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




