Барса на една победа од перфектна есен, Лазаров пак најефикасен

Барселона – Хелветиа Анаитасума 30:22 (15:13)
Ракометарите на Барселона ја забележаа 14 победа во исто толку натпревари во ASOBAL лигата и на едно коло до крајот на есенскиот дел, продолжува максималниот учинок. Екипата на Чави Пасквал во реприза од финалето на Купот на Кралот, вечерва во „Палау Блауграна" ја совлада екипата на Хелветуа Анаитасума со 30:22 (15:13) .
Мечот започна израмнето и по првите 7-8 минути резултатот гласеше 5:5. Сепак брзо Нодесбо, Жалуз и Лазаров постигнаа голови во серијата од 5:1 на домаќините за 10:6 во 20 минута. Следеше нешто покометен период во кој Лазаров и Нгесан погодуваа, но и гостите имаа свои моменти, па Надовеза и Гастон Фернандез во финишот од полувремето намалија на 15:13.
Вториот дел започна со голови на Арињо и Лазаров за 18:15 во 37 минута. Со добра игра на нашиот репрезентативен капитен, Барса одржуваше 3-4 гола предност, но не личеше на оној тим кој самоуверено го совлада ПСЖ во саботата. Во самиот финиш и Борко Ристовски бранеше одлично и предноста од 3-4 гола порасна до 6-7 и без дилеми Барса го приведе мечот до финална победа од осум разлика (30:22).
Во екипата на Барселона се истакнаа Лазаров со 6 и Арињо со 5 гола, а Борко Ристовски собра 9 интервенции. Кај Хелветиа Анаитасума најефикасни беа Кортес и Надовеза со по 4 гола. За време на викендот Каталонците му гостуваат на Хуеска.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




