Лазаров „распука“, Барса егзибициски го совлада Силкеборг

Барселона – Силкеборг 34:19 (18:10)
Ракометарите на Барселона забележаа нова победа во Лигата на шампионите, откако вторпат во една недела го совладаа првакот на Данска, Силкеборг, сега во „Палау Блауграна" со 34:19 (18:10). Избраниците на Чави Пасквал одиграа авторитен меч, во кој водеа скоро од првата до последната минута и не дозволија како на претходниот меч во Скандинавија да потфрлат едно полувреме.
По почетното водство на гостите од 1:3, Барса нагази и Ласе Андерсон и Дика Мем брзо направија пресврт (10:5). Во игра влезе Лазаров, постигна серија на голови, беше нерешлива енигма за Данците и на полувреме Барса имаше високи +8.
Во продолжението од мечот Каталонците само рутински го приведоа мечот кон крај. Следеше серија на нашиот капитен, голови на Нгесан и Арињо и 23:10 во 40 минута за дефинитивна одлука. Последните десетина минути беа само формалност, а сите домашни ракометари се запишаа меѓу стрелците. Финалните 34:19 покажуваат дека помеѓу двете екипи постои голема разлика во квалитет.
Кирил Лазаров со 7 гола беше најефикасен поединец во мечот. Андерсон даде 5, а Виктор Томас 4 гола. Кај поразениот Силкеборг како и на првата средба Есперсен со 4 гола беше најпозитивниот ракометар. Барса останува лидер во групата и тим кој веројатно полусезоната ќе ја заврши со само едне пораз, оној пред две недели против ПСЖ во Франција.
Комлетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




