Барса на македонски погон до нова ASOBAL победа
Барселона – Пуерто Сагунто 34:23 (21:13)
Многу полесно за разлика од мечевите со Бенидорм и Силкеборг, ракометарите на Барселона извојуваа победа на домашен терен против Пуерто Сагунто со 34:25 (21:13) во рамките на ASOBAL лигата.
Во „Палау Блауграна" домашната публика уживаше во одлична изведба на момците на Пасквал, кои овој меч го искористија за добра подготовка за европските дуели со кои Барса ќе ја заврши годината. До 3:3 гостите од Валенсија беа рамноправни, а потоа Барса „нагази" и направи серија 4:0 со головите на крилата Арињо и Саубич. Борко Ристовски почна меѓу стативите, одбрани неколку топки, а покрај Арињо и Нодесбо погоди за високи +6 во 19 минута.

Полека и Лазаров влезе во ритам и постигна три гола и имаше една асистенција за превисоки 21:13. Токму двата македонски интернационалци добро го почнаа вториот дел и предноста на Барса само се зголемуваше. Дика Мем и Жалуз само ја завршија работата за финални 34:23.
Најефикасни во победничката екипа беа Лазаров со 6 гола, Арињо постигна 5, а Борко Ристовски беше автор на 14 интервенции. Кај Пуерто Сагунто се издвои Јака Спиљак со 6 гола. За време на викендот Каталонците го пречекуваат данскиот Силкеборг во Лигата на шампионите.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




